Производството на челик во Кина се очекува да порасне за 3 отсто во оваа година на 832 милиони тони, според податоците на Институтот за планирање и истражување на металургиската индустрија во Кина, цитирана од „Ројтерс“.
Во наредната година, се очекува растот да забави на 0,7%, при што обемот ќе изнесува 838 милиони тони.
Растот е резултат на откриеното производство на производи со низок квалитет на челик, кои до неодамна беа незаконски, објави Институтот. До неодамна, тие не беа вклучени во официјалната статистика, објави новинската агенција.
Уште еден поттик за растот е обезбеден и од растечките операции на големите фабрики кои го неутрализираат ефектот на запирање на застарените инсталации, додава организацијата.
Силниот раст на индустриската активност во Кина во оваа година, предводен од челикот и други метални производители, помогна да се постигне проектираниот економски раст од скоро 7%.
Најголемиот производител на челик во светот произведе 808 милиони тони суров челик во 2016-та година и во првата половина од оваа година елиминирале околу 120 милиони тони нискотехнолошки капацитет за производство на челик.
Побарувачката за железната руда во Кина, најголемиот купувач во светот, се очекува да порасне 1,3% на 1,122 милијарди тони оваа година во споредба со 2016-та година и да опадне за 0,2% на 1,12 милијарди тони во 2018-та година.
Организацијата очекува Кина да извезува нето 63 милиони тони производи од челик во 2017-та и 2018-та година, што е 3% и 0,7% повеќе на годишна основа, соодветно.
Според прогнозата, побарувачката за челик во земјата ќе се зголеми на 726 милиони тони во 2018-та година од 722 милиони тони во 2017-та година, поради стабилниот економски раст.