2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатата на обештетувањето за „јазлеста кожа“ стартува утре

Исплатата на обештетувањето за „јазлеста кожа“ стартува утре

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека од утре започнува исплатата на обештетувањето на сточарите чиј добиток минатата година угина од болеста „јазлеста кожа“.

„Опфатени се 242 сточари на кои што им угина добитокот поради оваа болест во 2016 година. Вкупниот износ за обештетување е 15 милиони денари. Обештетувањето ќе биде 100 проценти од проценетата вредност на угинатото животно, а до крајот на месецов ќе се заврши со исплатата“, соопшти МЗШВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП