2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатни очни прегледи за основците во Карпош

Бесплатни очни прегледи за основците во Карпош

Проект за бесплатни прегледи на видот, за учениците до трето одделение во сите 10 основни училишта во Општина Карпош, презентираше денеска градоначалникот на општината Стефан Богоев.

Според она што го образложи градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, новото време носи нови технологии и иновации, чии консументи се младите кои се постојано пред компјутер, таблет, мобилен, телевизор и често се соочуваат со проблеми во видот.

„Се надевам дека со овој проект ќе успееме да го детектираме проблемот со појава на слабиот вид кај учениците уште во рана фаза, со што ќе може благовремено да се преземат конкретни мерки.
Преку овој проект сакаме да ја подигнеме јавната свест кај учениците, но и кај нивните родители за зголемена грижа за децата и правовремена посета на офталмолог“, посочи Богоев.

Намерата е со унапредувањето на овој проект, секоја година да се опфаќаат што поголем број на ученици кои се постојано изложени на ризикот за оштетување на видот.

Проектот е во соработка со Lions District 132 Club Македонија и USAID.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП