12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМадуро во обид да ја ублажи економската криза најави креирање на виртуелна...

Мадуро во обид да ја ублажи економската криза најави креирање на виртуелна валута

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави креирање нова виртуелна валута со која ќе настојува да ја ублажи економската криза во земјата.

Новата криптовалута ќе се вика петро и ќе биде базирана на нафтените резерви, на гасот, резервите на злато и на дијамантите. Меѓутоа, опозициските пратеници не се согласуваат со овој план на Мадуро.

Економијата на Венецуела е погодена од падот на приходите од нафта и од падот на вредноста на постојната валута боливар, како и од финансиската блокада од САД.

Во своето телевизиско обраќање Мадуро синоќа рече дека новата криптовалута ќе овозможи напредок на Венецуела во делот на монетарната сувереност.

Тој рекол дека 21 век пристигнал, но не открил детали за тоа кога и како ќе биде иницирана новата валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП