5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески: 5,105 милијарди денари за капитални проекти следната година

Сугарески: 5,105 милијарди денари за капитални проекти следната година

Буџетот на Министерството за транспорт за следната година е развоен и во најголем дел проектираните средства се расходи наменети за капитални проекти. Тие се позиционирани на ниво од 5 милијарди и 105 милиони денари, за 1,5 милијарди денари повеќе отколку во Буџетот во 2017 година, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Обезбедени се повеќе пари за изградба на железницата и развој на железничкиот сектор.
Клучен капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградбата на магистралните гасоводи како важен сегмент за одржување на економската стабилност на домашното стопанство.

За поквалитетен живот на граѓаните обезбедивме повеќе средства за изградба на канализации и водоводи во општините.  За поголема социјална сигурност и покрив над глава на најранливите категории на граѓани, проектиравме повеќе средства за изградба на социјални станови“, рече Сугарески.

Додаде дека се обезбедени средства и за изградба на Жичарницата во Скопје, нови пешачки патеки како и средства за субвенции за авиопревозниците што ќе понудат нови дестинации за граѓаните.

„Она што сакам да го истакнам е дека во Буџетот за 2018 година ги намаливме непродуктивните и нерационалните трошоци. Нашата цел за наредната 2018-та година е што поголема реализација на капиталните инвестиции како важен сегмент за планираниот раст на економијата“, рече Сугарески.

Тој потенцираше дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта Владата ќе продолжи со изградба и реконструкција на патнатата мрежа во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП