20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Русија купува злато за да ја исполни наредбата на Путин

Банката на Русија купува злато за да ја исполни наредбата на Путин

Централната банка на Русија ги зголемува резервите на злато за да ја исполни целта која ја постави претседателот Владимир Путин со цел да ја обезбеди Русија од геополитички ризици.

До ноември Русија имаше 1.801 тон злато кои сочинуваат 17,3 проценти од сите резерви. Русија е шести најголем сопственик на злато зад САД, Германија, Италија, Франција и Кина.

„Според инструкциите на претседателот Путин, Банката на Русија веќе долги години спроведува програма за зголемување на златните резерви“, изјави Сергеј Швецов од таа банка.

Од претседателските избори, руските резерви на злато пораснаа за повеќе од 500 проценти од 343 тони. Купувањето на злато ги прави земјите помалку подложни на геополитички превривања.

По референдумот за Крим Русија ги зголеми своите резерви на злато за речиси 75 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП