Невработеноста во Австрија веќе неколку месеци се наоѓа во постoјан пад, а така беше и во ноември кога бројот на невработени опадна за 5,7 проценти.
На Бирото за вработување (AMS) на крајот на ноември биле пријавени 404.699 лица без работа, соопшти Министерството за социјални прашања.
Според националната дефиниција стапката на невработеност е намалена за 0,8 проценти на 8,2 проценти.
Особено големо намалување на невработеноста е забележано во производството, градежништвото.
Истовремено AMS забележал голем број на нови работни места, и тоа 54,745.
Министерот за социјални прашања Алојз Стегер оцени дека намалувањето на невработеноста е доказ за делотворната политиката на Владата.
Со акцијата 20.000, која предвидува вработување на 20.000 возрасни невработени над 50 години, дошло до пресврт кај долгорочно невработените.
За прв пат во ноември е забелажно намалување кај долгорочно невработените и тоа за 2,8 проценти.
Исто така, забележано е и намалување на невработеноста кај странската работна сила за 6,3 проценти.