10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина постигна прелиминарен договор со доверителите

Атина постигна прелиминарен договор со доверителите

Грција постигна прелиминарен договор со меѓународните партнери, соопшти агенцијата „Франс прес“.

„Постигнавме договор на ниво вработени по сите прашања“, откри пред новинарите грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос, додавајќи дека е задоволен од направениот договор.

Клучен елемент во преговорите беше отворањето на грчкиот пазар за гас и електрична енергија, кој досега беше доминиран од државата. Во одделно мислење преговарачкиот тим од страна на меѓународните кредитори, исто ја потврди оваа информација.

Договорот вклучува серија на чувствителни политички мерки – во фискалната политика енергетика, пазарот на труд, лошите кредити и приватизацијата. Тоа сепак може да го отвори патот за нови кредити и да ја придвижи Грција напред до нејзиното враќање кон целосна пазарно финансирање. Договорот мора да биде одобрен од министрите за финансии на земјите од еврозоната, на седницата закажана за денес.

Финалната варијанта на договорот се очекува да биде подготвена и ратификувана на 22-ри јануари. Заемот треба да биде исплатен до август 2018-та година, кога Атина се надева дека ќе успее да ја стабилизира економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП