4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord го зголемува производството во Северна Америка

Ford го зголемува производството во Северна Америка

ford14

Американскиот производител на автомобили „Ford“ најави дека ќе го скрати летниот прекин на работа на фабриките од две на една недела, со цел да се зголеми производството за 40,000 возила, со цел да одговори на барањата на пазарот.

Како што пренесува Ројтерс, зголемувањето на бројот на работни денови се однесува на 20 фабрики на „Ford“ во Северна Америка.

Во соопштението се наведува дека закрепнувањето на американскиот пазар на недвижнини доведе до пораст на побарувачката, одобено на моделот F150. Просечната старост на автомобилскиот возен парк во САД изнесува 13 години.

За првите четири месеци од оваа година, продажбата на „Ford“ се зголеми за 13 проценти, додека на американскиот пазар се зголеми за седум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП