25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСи: Кина нема да ги затвори вратите на глобалниот интернет

Си: Кина нема да ги затвори вратите на глобалниот интернет

Кина нема да ги затвори вратите на глобалниот интернет, но кибер-сувереноста е клучна во државата за развој на интернетот. Тоа се наведува во обраќањето на кинескиот претседател Си Џинпинг до учесниците на Светската конференција за регулирање на интернет отворена денеска во кинескиот град Вужен.

Во соопштението прочитано од шефот на Одделот за пропаганда на ЦК на Кинеската компартија, се нагласува дека киберпространството во Кина се развива со голема брзина и вратите на Кина ќе се отвораат се повеќе и повеќе.

Кибернетски суверенитет значи дека државата има право да управува и регулира со интернет. Минатата година Пекинг ја заостри регулацијата во компјутерската мрежа со барање за податоци за клиентите и да цензурираат инструменти со кои корисниците може да пробиваат бариери во мрежата. Во јуни годинава, во Кина влезе на сила закон кој ги задолжува странските компании во државата да чуваат податоци за локални контакти и да ги доставуваат на контролните органи.

Гугл, Фејсбук и Твитер не се достапни во Кина. И покрај тоа, организаторите на конференцијата ги поканиле шефовите на Ејпл, Гугл, Алибаба груп, Бајду и Тенсант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП