28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУХМР: Се намалува водостојот на реките

УХМР: Се намалува водостојот на реките

Од УХМР известуваат дека според податоците добиени од хидролошките станици ширум државата, се забележува намалување на водостојот на реките.

Исклучок на ова се поедини хидролошки станици кои се лоцирани во долните теченија на реките и кај кои е регистрирано извесно зголемување што е очекувано со оглед на префрлањето на водата од горните делови на речните сливови низводно кон вливот во поголемите реки.

Меѓутоа, информира УХМР, и овие зголемувања се незначителни така што се очекува нивно постепено стабилизирање.

Во текот на денешниот ден се очекува врнежите да престанат и водостојот на реките низ земјава постепено да почне да се намалува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП