25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот Сенат го исвои изменетиот закон за даноци кој е во корист...

Американскиот Сенат го исвои изменетиот закон за даноци кој е во корист на богатите Американци

Во американскиот Сенат усвоен е изменетиот закон за даноци, кој се смета за најголема реформа во тој домен од 80-те години. Законот веќе помина во Претставничкиот дом, а во текот на наредната недела ќе се подготви обединета верзија која на крајот ќе ја потпише претседателот Доналд Трамп. Усвојувањето на законот се смета за прва голема победа на американскиот претседател во Конгресот.

Законот во Сенатот помина со 51 глас за, додека 49 сенатори биле против. Со неговото усвојување, се трасира патот за остварување на целите на Републиканците – намалување на данокот за компании и за богатите Американци пред се, но и за просечните семејства се предвидени одредени олеснувања.

Демократите кои гласаа против, реагираат на тоа што со изменетиот закон, најголема корист ќе имаат богатите Американци и крупниот бизнис.

Претседателот Трамп на својот Твитер напиша дека реформата значи благосостојба за работничките семејства. Се проценува и дека националниот долг на земјата ќе порасне за дополнителни 1,4 трилиони долари во наредните 10 години и ќе достигне 20 трилиони, за да се финансираат промените кои ќе стимулираат економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП