15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Standard & Poor's" го зголеми кредитниот рејтинг на Бугарија на БББ-

“Standard & Poor’s” го зголеми кредитниот рејтинг на Бугарија на БББ-

Меѓународната кредитна агенција “Standard & Poor’s” ги зголеми долгорочните и краткорочните перспективи на кредитниот рејтинг на Бугарија од ББ+ на БББ-.

Бугарското Министерство за финансии соопшти дека зголемениот рејтинг е доказ за „зајакнатата надворешна позиција на земјата, поттикната од континуираното зголемување на извозот и на заштедите“. Според „Standard & Poor’s“, драстично се намалени ризиците поврзани со значителна и ненадејна промена на финансиските текови што доаѓаат од странство, а особено од странските директни инвестиции.

Меѓу факторите кои би придонеле за зголемување на кредитниот рејтинг на Бугарија во следните 24 месеци агенцијата ги посочува забрзувањето на економскиот раст, постојаното намалување на ризичните кредити и зголемувањето на довербата во монетарната политика.

„Standard & Poor’s“ наведува дека за евентуално намалување на бугарскиот кредитен рејтинг во следниот период би влијаеле можните притисоци врз платниот биланс на земјата, пониските перспективи на економскиот раст и влошувањето на состојбата на јавните финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП