5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРосатом и Lagerwey создаваат заедничко вложување во ветерни турбини

Росатом и Lagerwey создаваат заедничко вложување во ветерни турбини

„НоваВинд“ – компанијата на „Росатом“, која е задолжена за проектите во областа на ветерната енергетика, и холандскиот производител на ветерни турбини „Lagerwey“ создаваат заедничко вложување „RedWind“, соопштуваат од руската корпорација.

Според договорот меѓу двете компании „Lagerwey“ ќе му обезбеди на рускиот партнер трансфер на технологија за производство на ветерни турбини со моќност од 2,5 мегавати и 4,5 мегавати и ќе ги сподели своите надлежности во областа на креирање на ветерни паркови.

Холандскиот партнер ќе и помогне на „RedWind“ за обука на персоналот, потребен за производство на турбини на ветер и експлоатацијата на ветрните паркови. „Lagerwey“ исто така ќе испорача компоненти за првите 60 турбини на ветер.

„RedWind“ ќе одговара за маркетингот, продажбата и испораката на ветерни турбини „до клуч“ и последователната поддршка. Компанијата ќе се зафати со реализација на програмата за локализација на производството, како и за квалификациите на давателите и договарањето на компонентите за производствените паркови на „НоваВинд“ во Волгодонск.

Постојната производна програма предвидува испорака на 388 турбини за заедничкото вложувања на страните до 2022-та година. „ВетроОГК“ ќе биде сопственик на централните за ветерни паркови и снабдувач на електрична енергија.

Најавата за заедничкото вложување е направена во Амстердам за време на саемот „WindEurope“ од генералниот директор на „НоваВинд“ Александар Корчагин и извршниот директор на „Lagerwey“, Хуб Морелис.

За раководител на „RedWind“ е избран Емин Аскеров, заменик-генерален директор „НоваВинд“, а постот управен директор на компанијата го презема Шурд Сибург Шордсма кој одговара за активноста за лиценцирање во „Lagerwey“, станува јасно уште од пораката на „Росатом“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП