17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАООН побара рекордни 22,5 милијарди долари за хуманитарна помош во 2018-та

ООН побара рекордни 22,5 милијарди долари за хуманитарна помош во 2018-та

ООН упати повик за собирање пари за годишната хуманитарна помош за 2018-та година, така што побара рекордни 22,5 милијарди долари за да им помогне на 91 милиони луѓе, главно во погодените од војни во Африка и на Блискиот Исток, пренесоа агенциите.

„Во 2018-та година повеќе луѓе од било кога ќе имаат потреба од нашата помош“, вели заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лоукок, цитиран во повикот. Потребата од хуманитарна помош ќе биде за 136 милиони луѓе во 26 земји, или 5 отсто повеќе од оваа година.

ОН сепак не може да стигне до сите – главно поради причините поврзани со безбедноста, како и поради недостиг на помош на властите или други земји во конфликтите. Помошта ќе им се даде на околу 91 милион луѓе.

Потребата од помош расте значително во Бурунди, Демократска Република Конго, Камерун, Либија, Сомалија, Судан и Централноафриканската република, а Јемен, Нигерија, Сирија и Јужен Судан продолжуваат да имаат потреба од нив, се вели во документот со кој ОН упати повик . Се очекува потребата од хуманитарна помош во Авганистан, Етиопија, Ирак, Мали и Украина да се намали, но да остане значајна.

Бараната помош е 1% повеќе од минатата година. Од нив 7,66 милијарди долари се наменети за кризата во Сирија, а 2,5 милијарди за Јемен.

Воената коалиција на Саудиска Арабија мора да ја повлече својата блокада во Јемен, каде што меѓу 7 и 8 милиони луѓе се на работ на глад, рече Марк Лукоу. Инаку, ќе има ужасна хуманитарна трагедија со милиони жртви што светот не ги видел со децении, предупреди тој.

Покрај жртвите на конфликти, ООН, исто така, обезбедува средства за оние погодени од природни катастрофи. Некои експерти предвидуваат зголемен ризик од земјотреси во следната година, со што ја предупредуваат организацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП