3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорот за намалување на производството на нафта продолжен до крајот на 2018

Договорот за намалување на производството на нафта продолжен до крајот на 2018

Министрите на земјите членки на ОПЕК се договорија важноста на договорот за намалување на обемот на производство на нафта да биде продолжена до крајот на 2018 година, изјави министерот за нафта и плин Оман Мухамед Хамад ел Руми.

На крајот на годината земјите на ОПЕК (Организација од земји извознички на нафта) и низа држави кои не се членки на оваа организација постигнаа договор за намалување на производството на нафта на вкупно 1,8 милиони барели дневно.

Од тоа, за намалување од 300.000 барели е задолжена Русија. Во мај договорот беше продолжен на уште девет месеци, до крајот на март 2018 година.

На понатамошното продолжување на договорот е посветен состанокот на министрите за нафта и енергтика на сите 24 земји кои учествуваат во OPECplus, кој се одржува во Виена.

Претходно Меѓународната енергетска агенција изнесе неповолна прогноза за побарувачката за нафта за наредната година. Според мислењето на експертите, таа ќе изнесува околу 98,9 милиони барели дневно.

Ревизијата е поврзана со растот на цените на нафтата, со очекувањата за потопла зима и со обновените податоци за состојбата на пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП