22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткритие на деценијата: Кина откри огромно нафтено поле

Откритие на деценијата: Кина откри огромно нафтено поле

Во Кина е откриено огромно нафтено поле чиј капацитет се проценува на повеќе од милијарда тони нафта.

Нафтеното поле го откри Кинеската национална нафтена компанија (CNPC). „Досега откриениот капацитет изнесува 1,24 милијарди тони со отприлика 520 милиони тони докажани резерви“, наведоа од компанијата.

Од компанијата нагласија дека откритието следело по десетгодишните геолошки истражувања во таа област на Кина.

Главниот кинески производител на нафта, како што се „PetroChina“ и „CNPC“ ги забрзаа истражните напори додека домашното производство продолжува да опаѓа, наведува Ројтерс.

Официјалните претставници на компанија „PetroChina“ изјавија дека компанијата ги зголемила производните капацитети на своето нафтено поле Ксинјианг за 1,38 милиони тони оваа година или околу 27,000 барели дневно.

Во моментов Кина е тринаесета според обемот на докажани резерви на нафта со 25,620 милиони барели нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП