8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДождoт предизвика прекини во сообраќајот и одрони на повеќе патишта низ земјава

Дождoт предизвика прекини во сообраќајот и одрони на повеќе патишта низ земјава

АМСМ информира дека од синоќа од 1 часот по полноќ има целосен прекин на сообраќајот на регионалниот пат Валандово-село Удово, на месноста викана Калковска река, поради надојдена вода.Сообраќајот ќе се пренасочува.

Според информација од ЈП „Македонијапат“ на патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица поради обилни врнежи од дожд и чести одрони, сообраќајот се одвива отежнато. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Р1304 Виница – Берово кај месноста викана Рибарник, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Локалниот пат село Железнец – село Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови.

На патниот правец Р 2238 Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот.

Според информација од РУЦК во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, има поплавување на подвозникот во висина од 1 метар. Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП „Водовод и Канализација“.

Од АМСМ информираат дека намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на Страцин и до 150 метри на планинскиот премин Плетвар.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП