29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно со врнежи од дожд, температурата до 13 степени

Денес облачно со врнежи од дожд, температурата до 13 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни на запад и уште повеќе на исток, а кон југ и со услови за грмежи.

На планините над 2000 метри надморска височина ќе има повремен слаб снег. Преку ноќта од запад ќе се прошират нови врнежи кои ќе се претежно од дожд, само на високите планини ќе се од снег и кои во поголемиот дел ќе заврчуваат во недела до средината на денот. Температурата денес во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со слаб северозападен ветер. Температурата до 9 степени.

Вечерва и утре претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот и ќе завршуваат попладне. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег.

Утринските температури ќе се во опаѓање и веќе од средината на неделата наутро температурите ќе се под нулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП