5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвтобуси за Водно на секој половина час

Автобуси за Водно на секој половина час

Поради големиот интерес, автобусите на пробните линии 25а и 25б до Средно Водно ќе се сообраќаат според нов возен ред и ќе бидат почести, односно ќе тргнуваат на половина час, информираат од Град Скопје.

Пробната линија со број 25а сообраќа на релацијата Автомакедонија (стара железничка станица) – Средно Водно по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.

Пробната линија со број 25б сообраќа на релацијата Дом на печат – Средно Водно по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.

Град Скопје од минатиот викенд воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која ќе важи секој викенд и за време на државните празници. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП