7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткриена шпионската кампањата „Црвен Октомври“

Откриена шпионската кампањата „Црвен Октомври“

hakeri

Компанијата „Касперски Лаб“ ја откри операцијата „Црвениот Октомври“, кампања на напредната сајбер шпионажа, која цели пет години била фокусирана на дипломатски и владини институции ширум светот.

Како што се наведува во извештајот на компанијата „Касперски Лаб“, напаѓачите развиле единствен, прилагодлив и штетен софтвер за кражба на податоци и геополитички информации од компјутерските системи, доверливи податоци за пристап до тајните компјутерски системи, како и податоци од лични мобилни уреди.

Ова кампања пред се била наменета за земјите од Источна Европа, поранешните републики на Советскиот Сојуз и земјите од централна Азија, но жртвите можат да се пронајдат насекаде, вклучувајќи ги и Западна Европа и Северна Америка.

Кампањата е активна од 2007 година, и покрај сите истражувачки институции, енергетски и нуклеарни компании и целите во трговијата и авио-индустријата, таа била фокусирана кон дипломатските и владините агенции од различни земји ширум светот.

Напаѓачите на операцијата „Црвениот Октомври“, дизајнирале сопствен штетен софтвер, познат како „Rocra“, кој има уникатен модуларен систем, составен од штетни екстензии, модули за крадење на информации и шпионски Тројанци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП