6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУХРМ: Поради градбите во Вардар дојде до излевање на реката

УХРМ: Поради градбите во Вардар дојде до излевање на реката

Градбите во Вардар се причината за излевање на реката од коритото во центарот на Скопје, соопшти УХРМ.

„Во центарот на Скопје поради градежните активности во минор коритото има вештачки застој на течењето, па поради тоа има појава на излевање во делот од шеталиштето возводно од градбите“, велат од УХРМ.

Од таму известуваат дека изминативе 24 часа на територијата на Република Македонија паднаа нови врнежи од дожд, на одредени повисоки места каде има снежна покривка има појава на топење на снегот. Врнежите и топењето на снегот предизвикува брз истек на водите во водотеците и суводолиците.

„Овие водни количини ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, а особено покачување се бележи на водотеците од западниот и северниот дел на земјата. Според податоците од терен најголеми промени на водостојот бележиме на реките Радика, Сатеска, Вардар, Треска, Лепенец“, се вели во соопштението.

Од ЕЛЕМ информираат дека акумулациите имаат доволно капацитет да ги примат водите од последните обилни врнежи.

Според најавата на синоптичарите и понатака нè очекуваат обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци во државата.

„Најголеми покачувања очекуваме во западните, југозападните, северозападните делови од Република Македонија. На одредени критични места можна е појава на локални излевања кај помалите реки, но и кај реките Треска, Кичевска, Радика, Сатеска, Лепенец, горен тек на Вардар. (Јегуновце, Рашче, Скопје-Центар во делот од шеталиштето возводно од градбите). Се предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците“, велат од УХРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП