8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГалиите во опасност!!! (видео)

Галиите во опасност!!! (видео)

По поројните дождови од вчера и денеска Вардар се излеа во центарот на Скопје, и заедно со клупите и зеленилото ги поплави и галиите кои беа поставени како дел од прокетот „Скопје 2014“. Матните води на Вардар донесоа и купишта ѓубре и смет. Камерата на „Макфакс“ регистрираше како пловат пластични шишиња и најлонски кеси во централниот дел на градот.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за „Макфакс“ рече дека коритото на Вардар ќе биде исчистено од непотребите објекти кои ги постави претходната власт.

„Како што ветивме пред граѓаните, така и ќе постапиме. Општина Центар нема да одобрува, ниту дава дозволи за поставување каков било објект во коритото на Вардар. Проектот со галиите ќе биде стопиран, а истите дислоцирани од страна на град Скопје“, информираше за „Макфакс“ Богдановиќ.

Богдановиќ додава дека ја следат состојбата со водостоите и ги информираат надлежните институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП