23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата во пад

Цената на нафтата во пад

Oil

Цените на нафтата од утрово почнаа да паѓаат по слабите податоци од кинескиот преработувачки сектор и јакнење на доларот, наведуваат аналитичарите.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јули опадна на Стоковата берза во Њујорк за 63 центи на 93,65 долари за барел, додека во исто време на берзата во Лондон барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 60 центи, на 102 долари.

– Нафтата е во пад поради кинескиот индекс на менаџерска набавка (ПМИ). Луѓето очекуваа слаб резултат, но не и волкав пад, изјави стратегот на сингапурската фирма „ИГ маркетс“ Кели Тио.

Јакнењето на доларот исто така се одрази на цената на нафтата, наведуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП