17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолициските станици ќе се реконструираат со 40 милиони денари

Полициските станици ќе се реконструираат со 40 милиони денари

40 милиони денари се предвидени за реконструкција на полициските станици, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција за клучните приоритети на МВР, низ призма на буџетот за 2018.

– Состојбата во полициските станици е загрижувачка. Полицајците работат во субстандардни услови кои негативно се одразуваат на нивното здравје. Токму затоа одвоени се 40.000.000, денари со кои во текот на следната година ќе бидат реконструирани и уредени полициските станици низ Република Македонија, рече Спасовски.

Во буџетот се обезбедени и повеќе од 570.000.000 денари со кои ќе се набави нова опрема за потребите на специјалните единици, како и обновување на дотраената опрема.

– Со овие средства ќе се подобри и постојната информатичка и телекомуникациска инфратструктура преку која службите ќе бидат во можност ефикасно и економично на одговорат на предизвиците, но и ќе можат квалитетно да ги извршуваат своите обврски. Тука акцентот е ставен на борбата против организираниот криминал и справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, дополни министерот Спасовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП