10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Северен поток 2“ не може да поминува преку водите на Данска

„Северен поток 2“ не може да поминува преку водите на Данска

Во Данска е усвоен закон кој им овозможува на властие да забранат премин на гасоводот „Северен поток 2“ преку нејзините територијални води, доколку проценат дека постои опасност по националанта безбедност, пренесе агенцијата Ројтерс.

Предложената рута за „Северен поток 2“ минува низ територијалните води на Данска, но конзорциумот кој го гради гасоводот истражува и алтернативна рута северно од данскиот остров Борнхолм, со која би се минувало преку меѓународни води и со тоа би се заобиколила данската забрана.

Гасоводот „Северен поток 2“ би требало да биде пуштен во работа до крајот на 2019 година и да доставува гас од брегот на Русија под Балтичкото море до Германија. Планирани се два крака гасовод, од кои секој да биде со капацитет од 27, 5 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП