7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоин достигна рекордни 11.000 долари, а потоа потона за 20%

Биткоин достигна рекордни 11.000 долари, а потоа потона за 20%

Криптовалутата биткоин достигна редкордна вредност, кога дигиталната валута се тргуваше за 11,395 американски долари (9.575 евра). Во наредните 24 часа, поради „луди“ инвестиции, вредноста на валутата се намали за петтина.

Во следниот час откако падна за петтина, вредноста повторно се зголеми на околу 9.400 долари.

„Биткоинот е склон на диви вибрации, делумно поради тоа што не е добро регулиран и таму нема многу трговци“, рече Герик Хилеман од бизнис школа на Универзитетот во Кембриџ, објави „BBC“.

Многу банкари предупредуваат дека биткоинот не е официјална валута, дека таа не е поддржана од банките и владите, и затоа инвестициите се ризични.

„Биткоинот е поблизок до стоките, отколку до валутите“, вели гувернерот на Банката на Англија, Џон Клендиф.

„Нешто што ќе се промени за дваесет проценти во текот на ноќта, не изгледа како валута – тоа е средство за мамење“, рече директорот на „Goldman Sachs“, Лојд Бланкфајн за биткоинот.

Секојдневно, преку комплицирани компјутерски процеси, според „BBC“, се создадаваат околу 3.600 биткоини. Некои ја користат дигиталната валута за онлајн шопинг, бидејќи се повеќе и повеќе компании, вклучувајќи го и „Мајкрософт“, овозможуваат плаќање со дигитални пари.

Повеќето го гледаат биткоинот како можност за инвестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП