19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖителите на Дебрешe поројниот дожд ги остави без вода за пиење

Жителите на Дебрешe поројниот дожд ги остави без вода за пиење

Како последица на обилните врнежи од дожд, особено во вечерните часови во полошкиот регион, во резервоарот од којшто се снабдува дел од селото Дебреше доаѓа заматена вода.

Од Општина Гостивар велат дека како резултат на тоа, водоснабдувањето во моментов е прекинато во селото, додека мобилни екипи од ЈП „Комуналец“, со поддршка и на Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, интензивно работат на што поскоро надминување на проблемот.

-Поради природата на проблемот, не можеме точно да процениме колку време ќе треба да го надминеме. Но, ние ќе се посветиме максимално за да тоа се случи што е можно поскоро. За да го надминеме проблемот, ќе обезбедиме вода за пиење за жителите со цистерни од противпожарната служба- вели Исак Лазами, директор на ЈП „Комуналец“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП