4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотрага по млади таленти викендов во Skopje City Mall

Потрага по млади таленти викендов во Skopje City Mall

Дали Вашето дете поседува некаков талент? Сака да пее, да танцува, да глуми и да се снима? Во тој случај Skopje City Mall викендов е ваша задолжителна дестинација!

Од денес на тридневниот Фестивал за деца ќе се избираат млади таленти во две возрасни групи (од 5-9 години и од 9-15 години) во неколку категории: пеење караоке, Just dance танцување, предизвик во глумење и правење на свое youtube видео.

Со талент-видеото учествувате на Facebook натпреварот на официјалната FB страна на Skopje City Mall – https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/.

Доколку вашето видео е во ТОП 6 најлајкувани видеа (по тројца добитници во двете возрасни групи), токму Вашето дете ќе биде новото лицето на следните детски кампањи на трговскиот центар и ќе добие разни подароци.

Сѐ што треба да направите е да го посетите Skopje City Mall со вашето дете и на лице место да се пријавите на пултот за регистрација (во одделот за храна) за време на аудициите или половина час пред секоја аудиција.

Термини за снимање: петок: 19h – 21h; сабота: 12h – 14h и 19h – 21h; недела: 12h – 14h и 17h – 19h. Повеќе информации на http://skopjecitymall.mk/kidsfestival/.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП