22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбегнувањето на даноците е опасно за Европа

Избегнувањето на даноците е опасно за Европа

martinshulc1

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, предупреди дека избегнувањето на данокот од страна на големите компании предизвикува губење на довербата во јавноста.

Шулц во интервју за порталот CNBC изјави дека ова прашање би можело да предизвика многу големи социјални проблеми во Европа, доколку даночните закони не бидат транспарентни.

„Даночното затајување е клучен дел од дебатата, бидејќи тоа е прашање на солидарност. Додека од една страна од даночните обврзници се бара да ги платат огромните загуби во банкарскиот систем или да ја спасат земјата или да ги жртвуваат своите пензии и плати, она што од другата страна се гледа е дека богатите луѓе ги изнесуваат своите пари надвор од Европа и ги чуваат во земјите наречени даночен рај“, изјави Шулц.

Лидерите на Европската унија ќе се обидат на денешниот самит во Брисел да пронајдат начин за борба против даночното затајување и да ги затворат дупките кои настанале од неплаќањето на даноци од страна на големите корпорации.

Европските официјални претставници денес соопштија дека даночните измами, 27 члената Унија ја чинат една милијарда евра годишно, во момент кога најголемиот дел од Европа е во рецесија, а владите на земјите се принудени да ги стегнат буџетите и покрај рекордната невработеност, пренесува агенцијата АП.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денес изјави дека ЕУ мора да биде „сигурна дека компаниите плаќаат даноци, а тоа значи меѓународна соработка и размена на даночни информации“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП