18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААктивноста во индустријата во еврозоната забележа раст

Активноста во индустријата во еврозоната забележа раст

Производството на еврозоната не беше толку добро од апогејот на „dot-com“ бумот пред 17 години, објави „Блумберг“.

„PMI“ во индустријата се зголеми на 60,1 поени во ноември од 58,5 поени во претходниот месец, изјави денеска „IHS Markit“. Податоците го надминуваат пред-читањето од 60 поени, и ова е второ најсилно од студијата што започна во јуни 1997-ма година.

Најсилното проширување на еврозоната во текот на една деценија ја намали невработеноста и ја поддржа деловната доверба. Тоа исто така е поддржано од Европската централна банка, која вети дека ќе продолжи со програмата за купување обврзници барем до септември следната година и долго ќе ги одржува каматните стапки.

„Оптимистичките податоци во септември веројатно ќе ја зајакнат светската доминација на индустријата во еврозоната што ја гледаме досега во оваа година“, вели Крис Вилијамсон, главен бизнис економист во „IHS Markit“. Производителите во областа на единствена валута добиваат „растечки удел во глобалната трговија поради бумот во извозот“.

Сите земји опфатени со истражувањето, вклучувајќи ја и Грција, известуваат за растечкото индустриско производство за половина година, со силни дојдовни нарачки кои доведоа до регрутирање на нови вработени и пронаоѓање на нови добавувачи.

Германските фабрики произведоа стока дури и побрзо од очекуваното во ноември, при што растот исто така е втор по големина во текот на две децении. Индексот на индустријата „PMI“ за земјата скокна за 62,5 поени од 60,6 поени во октомври.

Во Франција, вредностите се највисоки за седум години, при што индексот се искачи на 57,7 поени во ноември од 56,1 поен во претходниот месец.

Наведувајќи дека бумот наскоро може да се трансформира во инфлација, како што претпоставуваат претставниците на „ЕЦБ“, притисоците од цените се на највисоко ниво во текот на 6 години, рече „IHS Markit“. Сепак, официјалните бројки за еврозоната во четвртокот покажаа дека инфлацијата забави помалку од очекуваното во ноември на 1,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП