5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемите економски реформи во Индија донесоа раст од 6,3 проценти

Големите економски реформи во Индија донесоа раст од 6,3 проценти

Индиската економија во третиот квартал забележа раст од 6,3 проценти во однос на минатата година.

Во претходниот квартал го зголеми бруто домашниот производ за 5,7 проценти.

Статистиката на индиската влада која денес е објавена покажува силна активност во трговијата, хотелиерството, сообраќајот и комуникациите.

Индија неодамна помина низ големи економски промени.

Минатата година владата на државата со 1,3 милијарди жители повлече 86 проценти од парите во оптек без предупредување во борбата против перењето пари и затајувањето на данок.

Осум месеци по демонетизацијата следеше уште една голема промена – сложениот систем со федерални и регионални даноци е заменет со единствениот данок за стока и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП