6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе излеа Вардар во центарот на Скопје

Се излеа Вардар во центарот на Скопје

По обилните врнежи од дожд во Скопје, реката Вардар се излеа од коритото на повеќе места.

Фотографиите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Вардар е излеан спроти МНТ, кај Скејт паркот и кај Влада.

Од УХМР известуваат дека изминативе 24 часа врнежите од дожд ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, а особено покачување се бележи на водотеците од западниот дел на земјата.

Според податоците од терен, најголеми промени на водостојот се бележат на река Радика-Бошков Мост, река Сатеска – Ботун и река Вардар – Јегуновце.

Според најавата на УХМР, нè очекуваат и понатака обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа на територијата на Република Македонија ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци. Најголеми покачувања се очекуваат во западните и југозападните делови од државата, северните, а во текот на наредните 24 часа и на останатиот дел од државата.

Поради високите водостои, на одредени критични места можна е појава на излевање на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска, Вардар – горен тек, како и нивните притоки. Поради тоа, Центарот за управување со кризи предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП