15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно со обилни врнежи од дожд

Денес облачно со обилни врнежи од дожд

Времето во земјата е облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, најобилни во западните делови од земјата каде што се очекува да наврнат над 60 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд со умерен интензитет и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура до 10 степени.

В сабота и в недела врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови. Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП