26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

Денар: г-ѓа Каровска, која е основата дејност на  Каровска ДООЕЛ, кои услуги ги нудите?

-Каровска ДООЕЛ е Друштво за економско сметководствени услуги и даночно советување и нудиме услуги од оваа област: финансиско сметководствени услуги, консалтинг услуги, финансиски анализи, изработка на бизнис планови, натаму, по договор, вршење на услуги од областа на работни односи и останати финансиски услуги, како и регистрација на нови правни субјекти во Централниот Регистар на РМ.

Денар: Што е она што ве одвојува од големата конкуренција на пазарот? Кои се придобивките кои ги имаат компаниите кои ги користат вашите услуги?

-Конкуренцијата е голема на пазорот, но сметам дека секој има свои клиенти и работа, затоа што постојат многу правни и физички лица кои имаат потреба од финансиско сметководствени услуги. Нашите клиенти, покрај тековните договорени услуги, добиваат и услуги и грижа, како на пример- предлози и насоки за намалување на тековните трошоци, најчесто банкарските трошоци. Се фокусираме поединечно на секој клиент и неговата дејност на работење која можеби има своја различна и посебна специфика од другите компании и бара соодветна финансиска грижа, потоа, услуги и совет во делот на кредитирањето или штедењето, предлози и совети за добра и рана наплата на побарувањата кои компаниите ги побаруваат од своите купувачи.
Регистрираме нови правни субјекти без надоместок, доколку се склучи договор за понатамошна соработка во делот на финансиите и сметководството. А, коректниот и пријателски однос е секогаш присутен кај нас.

Денар: Важите за голем професионалец во вашата област. Може ли да ни дадете кратко резиме на вашата кариера?

-Јас сум дипломиран економист, и поседувам сертификат за овластен сметководител издаден од ИСОС. Моето искуство го стекнав работејќи на одговорите за  потребите на физичките и правни лица, како долгогодишен банкарски менаџер во една од водечките банки во земјава, со големо дополнително искуство како предавач во банката, а едуцирана во едукативните центри надвор од државава за тренери на NBG групацијата. Предавач на семинари сум, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на книговодството и банкарството. Паралелно, цели триесет години работам и сметководство на здруженија и  компании со различни дејности- градежништво, трговија, производство, туризам, угостителство, занаетчиство и многу други со различни услужни дејности.

Стекнатото знаење и искуство многу ми придонесе да напредувам во банкарското работење како менаџер на една од водечките филијали на банката, во делот на кредитирање на правните лица, гаранциите, депозитите на правни лица,  и воопшто во работењето на денарскиот и девизен платен промет. Се ова пак, од друга страна, донесе предност во поефикасното вршење на услугите кај компаниите кои имаат потреба од вакви производи и услуги кај банките и финансиските институции.

Натаму, големо искуство носам и од ИТ компанијата ИТД Дистрибуција ДОО од Скопје, каде работев како финансов директор- компанија меѓу подобрите ИТ компании во државава, а дел од  странска групација со која сега надворешно соработувам. Накратко, искуства собрани на  повеќе страни, кои меѓусебно се надополнуваат.

Денар: Кои се најчестите недоумици, грешки кои ги прават компаниите при изборот на лицето/ компанијата која ќе се грижи за еден од најважните сегменти во работата сметководството?

-Некои клиенти често се фокусираат на цената на  услугата која треба да ја добијат за идната соработка, што секако е важен дел, но подеднакво важно е и портфолиото на клиенти кои сметководственото биро ги води или соработувал, како и искуството на првиот човек во друштвото.

Денар: Кога е најдобро или идеално време за преминување од едно во друго сметководствено биро. Верувам дека оваа недоумица ја имаат голем дел од компаниите.

-Добро е преминувањето со работа кај новото сметководствено биро, да биде на крајот на тековната година, односно почетокот на наредната. Секако, ако нема услови, пресекот може да се случи во кој и да е период од годината.

Денар: Според Вас, колку е сметководителот важен за успехот на една компанија?

-Многу важен! Компаниите би имале поголем успех, работејќи на нивниот личен професионален план, ако ние сметководителите, одговорно, професионално и во рамките на Законите, прописите и правилата работиме и ги бележиме настанатите ситуации од нивното работење.

Денар: Во неколку наврати се најавуваат измени во Законот за сметководствени работи, како стручно лице во оваа област, како ги оценувате предложените промени?

-Да, постојат предлог новини во Законот за вршење на сметководствени работи, а ги двојам како значајни, намалувањето на бројот на часови за КПУ (континуирано професионално усовршување) обуките, давање можност за замена на уверенија од МФ за уверенија од ИСОС и упис на лицата незапишани во Регистарот на сметководители и овластени сметководители. Овие предложени промени се коректни и во интерес и задоволство за добро работење на сите сметководители и овластени сметководители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП