19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпадна стапката на невработеност во еврозоната

Опадна стапката на невработеност во еврозоната

Стапката на невработеност во еврозоната опадна на 8,8 проценти во месец октомври, што е најниското ниво од јануари 2009 година.

Бројот на луѓе кои не работат во 19-члената еврозона стабилно опаѓа по економската криза, но многумина и понатака веруваат дека тој број е неприфатливо висок.

Вкупно 14,3 милиони луѓе биле невработени во еврозоната во октомври, според податоците на агенцијата на ЕУ за статистика Евростат, што е помалку за 88.000 во однос на претходниот месец.

Стапката на невработеност меѓу младите во октомври изнесуваше 18,6 проценти, што е пад од 0,1 проценти во однос на претходниот месец.

Вкупно најниската стапка на невработеност е забележана во Чешка, Малта и Германија. Грција и Шпанија се на другиот крај на листата, со највисоки стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП