8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо следните неколку години Airbnb ќе се појави на берзата

Во следните неколку години Airbnb ќе се појави на берзата

„Airbnb“ треба да донесе клучни одлуки пред евентуално да се најде на берзата, но најверојатно ќе стане јавна компанија во рамките на следните неколку години, тврди Хемант Танеја, управен директор на „General Catalyst“, цитиран од „CNBC“.

„Кога ќе стане јавно претпријатие, ќе има многу фактори – пазарите, што мислат за меѓународната експанзија, ќе сакаат да се фокусираат на сето тоа пред да мора да се справат со притисокот на берзите“, коментира тој.

Тој очекува ИПО-то да се случи во текот на следните неколку години.

Компанијата во која работи – „General Catalyst“, поседува дел од „Airbnb“.

Примарната јавна понуда на платформата за краткорочно изнајмување е еден од најочекуваните настани во технологискиот свет.

Главниот извршен директор Брајан Чески во октомври изјави дека компанијата ќе биде „подготвена што е можно поскоро“ за појавување на берзата. Во тоа време тој ги негираше шпекулациите дека „Airbnb“ ќе стане јавна компанија во следната година, велејќи дека таа треба да биде подготвена за тоа.

Сепак, во кој момент ќе се случи, Танеја верува дека го има „Airbnb“ правилниот профил да стане јавна компанија.

„Мислам дека има еден од најинтересните бизниси во однос на вредноста кога станува збор за деловниот модел“, рече тој.

Компанијата започна во 2008-ма година во Сан Франциско има изградено мрежа во 191 земја и над 65.000 градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП