2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредување до Американците: Спијте будни

Предупредување до Американците: Спијте будни

Американците не би требало да заборават дека нивнта земја во моментот должи повеќе од било кога, предупреди шефицата на ФЕД, Џенет Јелен.

„Едноставно кажано, јас сум загрижена поради одржливоста на долгот на САД. Нашиот моментален однос на долгот кон БДП е 75 проценти што не е застрашувачки, но е причина за грижа“, изјави таа.

„Тоа е она што би требало да не држи будни во ноќта“, додаде таа.

Долот на САД во моментов изнесува 20,6 билиони долари (20,6 трилион) и продолжува да расте. Тоа е највисокото ниво на јавниот долг уште од Втората светска војна.

Министерствот за финансии предвидува дека долгот нагло ќе се зголеми во наредните 30 години ако не се променат законите. Дефицитот до 2047 би можел да биде поголем од 150 проценти од БДП.

Ова предупредување од Јелен доаѓа во момент кога Републиканците го предложуваат планот за даночни реформи кој би го чинел буџетот 1,5 билион долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП