21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАутомакедонија АД Скопје со позитивни финансиски резултати за период 01.01-30.09.2017

Аутомакедонија АД Скопје со позитивни финансиски резултати за период 01.01-30.09.2017

Како резултат на успешното функционирање на компаниите во Групацијата Аутомакедонија приходите од продажба во периодот 01.01.2017 – 30.09.2017 година се зголемени за 4% во однос на истиот период 2016 година.

Оперативните расходи во периодот 01.01.2017 – 30.09.2017 година се зголемени за 9% во однос на истиот период 2016 година, во најголем дел како директна причина поради зголемување на Трошоците за вработени за 10% во 2017 во однос на 2016 година и останатите расходи на работењето за 12% во насока на подобрување на резултатите и оперативното работење на друштвото а од друга страна пак намалување на услугите со карактер на материјални трошоци за 6%.

Финансиските расходи за камати се намалени за 47% во 2017 во однос на истиот период 2016 година, во поголем дел поради намалување на каматните стапки за комерцијалните кредити и воедно помал дел поради завршување на одредени долгорочни кредити во 2017 година.

Сите други параметри се во согласност на приближна еднаквост во споредбените периоди 2017 во однос на 2016 година.

Согласно погоре наведеното, нето добивката пред оданочување (како референтна ставка во овој периодичен извештај), е намалена за 14% во 2017 во однос на 2016 година и изнесува 26.582 илјади денари , повторно потенцирајќи во најголем дел поради зголемување на трошоците за вработени во анализираниот период и одредено зголемување на останатите трошоци на работењето.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП