5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради страв од санкции олигарсите во Русија избегнуваат блиски контакти со Путин

Поради страв од санкции олигарсите во Русија избегнуваат блиски контакти со Путин

Заканата од нови санкции на САД предизвика зголемена нервоза и напнатост кај најбогатите луѓе во Русија дека нивната поврзаност со претседателот Владимир Путин би можела да ги стави на црната листа на владата на САД, велат членовите на бизнис-елитата.

Листата, која треба да се подготви до почетокот на следната година, е дел од законот за санкции, донесен со големо мнозинство од Конгресот веднаш кога Доналд Трамп стана претседател и потпишан од него на 2 август и покрај неговата отворена желба да ги подобри врските со Москва.

Иако оние што се вклучени во листата нема да бидат автоматски санкционирани, шест лица што се дел од бизнис-елитата или се блиски до Кремљ изјавија дека се загрижени бидејќи критериумите за вклучување и последиците се нејасни.

Додека повеќето од бизнис-елитите остануваат лојални на Путин, шансите за лични санкции, кои може да спречат патување во странство или пристап до сметки на странски банки и замрзнување странски средства, предизвикаа некои од нив јасно да се свртат.

Милијардер бизнисмен, кој секогаш седеше во првиот ред на публиката до Путин на панели на бизнис-лидери, сега го приспособи својот дневник за да избегне такви ситуации, изјави извор близок соработник со него.

„Тој, едноставно, се обидува во последно време помалку да се појавува до Путин“, изјави изворот, кој зборуваше под услов ниту тој ниту неговиот шеф да не биде идентификуван поради чувствителноста на темата.

Извор во придружба на вториот руски милијардер вели дека неколку олигарси ја избрале тактиката за одржување низок профил за да избегнат вклучување во листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП