3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари трошат туристите во Грција?

Колку пари трошат туристите во Грција?

Туристите што ја посетуваат Грција и остануваат во земјата 6-7 ноќевања трошат во просек по 67 евра дневно. Ова го покажува студија за трошоците на туристите, а се однесува на првата половина од 2017 година, објави грчкото електронско издание „Екатимерини“.

Според резултатите од истражувањето, просечните приходи од посета на турист во земјата изнесуваат 435 евра, што е речиси еден процент повеќе во споредба со истиот период претходната година. Постои раст од 1,9 отсто на трошоците направени од туристите за ноќевање, но истовремено се забележува пад од 0,9 отсто на просечната должина на престој во Грција.

Највисока заработувачка земјата регистрирала на Крит, каде што туристите трошат во просек трошат 663 евра за својот престој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП