20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМиграцијата во Велика Британија остро се намали по гласањето за Brexit

Миграцијата во Велика Британија остро се намали по гласањето за Brexit

Нето миграцијата во Велика Британија се намалува со над 100.000 лица во текот на годината по референдумот за „Brexit“ поради помалиот број граѓани на Европската унија (ЕУ), кои пристигнуваат во земјата – тренд поздравен од законодавците, но разочарувачки за бизнисот, пренесува „Bloomberg“.

Вкупниот број новодојдените го надминуваат бројот на оние кои ја напуштаат земјата со 230.000 лица во 12-те месеци до крајот на јуни, а тоа се најниски податоци од крајот на 2013-та година, соопштува Националната статистичка служба во Лондон. Нето миграцијата достигна рекордни 336.000 во годината пред референдумот.

Европските граѓани кои дошле во Велика Британија, го формираат најголемиот дел од пристигнатите, а нето миграцијата од блокот се намалува за 43% до 107.000 лица.

Промените се забележуваат најмногу меѓу граѓаните на земјите од Централна и Источна Европа, кои се приклучија кон блокот по 2004-та година, и конкретно Полска, Унгарија и Чешка.

„Што објаснува овој пад? Делумно тој се должи на значителното забавување на нашата економија и поевтинувањето на фунтата во голема мера поради „Brexit““, вели Џонатан Портс, виш соработник во Велика Британија за „Changing Europe“. „Што и да мислите за влијанието на имиграцијата, не може да биде добра вест дека Велика Британија е помалку атрактивно место за живеење и работа и дека како резултат на тоа ќе бидеме посиромашни“, додава тој.

Податоците ќе се добредојдени за премиерот Тереза ​​Меј, која вети дека ќе ја намали годишната нето имиграција со „десетици илјади“. Според бизнис лидерите, загубата на странски работници би можело да ја погоди економијата. Секторите како туризамот, градежништвото и прехранбената индустрија се потпира силно на работна сила од ЕУ и имаат потешкотии со наоѓање на работници.

Според статистичката служба бројот на луѓето кои емигрирале за конкретна работа, останува стабилен, но има пад од 43% на имигрантите во процес на барање на работа. Намалувањето е најизразено кај европските граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП