2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштината обезбеди помош за семејствата од Злокуќани чии домови изгореа во пожар

Општината обезбеди помош за семејствата од Злокуќани чии домови изгореа во пожар

Советот на Општина Карпош на денешната седница донесе одлука за финансиска и материјална помош за три семејства од населбата Злокуќани, чии домови вчера ги зафати голем пожар.

„На двете семејства кои претрпеа огромна материјална штета, Општината ќе им обезбеди парична помош, а за третото ќе обезбеди градежни материјали бидејќи се работи само за опожарување на покривот на куќата. Со цел да им помогне на своите сограѓани, Општина Карпош исто така ќе повика повеќе компании и приватни стопанственици да се приклучат кон апелот за помош на семејствата, чии домови настрадаа во синоќешниот пожар“, велат од Општината.

Советниците на денешната седница го утврдија и престанокот на мандатот на Душко Весковски, како досегашен член и претседател на Советот на Општина Карпош. Отсега функцијата претседател на Советот ќе ја извршува Андреј Манолев, а Елена Антониевиќ е именувана за нова советничка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП