3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСименс ќе го претстави својот оддел за медицински решенија во Франкфурт

Сименс ќе го претстави својот оддел за медицински решенија во Франкфурт

Најголемиот европски индустриски конгломерат „Сименс“ планира да ја пушти својата единица за медицинска нега во вредност од 40 милијарди долари на берзата во Франкфурт. Ова може да биде најголемото „ИПО“ во Германија повеќе од две децении, објави „Фајненшал тајмс“.

Компанијата со седиште во Минхен во средата го избра Франкфурт пред Њујорк за акциите на „Healthineers“. Одлуката на Надзорниот одбор за акциите таму, најверојатно во првата половина на 2018-та година, е важно за „Deutsche Borse“ која често била сенка за големите „ИПО“-а од Њујорк, Лондон и Хонг Конг.

Како дел од акциите, „Сименс“ се очекува да го продаде малцинскиот удел до 25%. Ова ќе биде најголемото „ИПО“ на берзата по таа на „Deutsche Telekom“ за 13 милијарди долари во 1996-та година според „Dealogic“.

Акциите ќе биде најголем потег досега за Главниот извршен директор Џо Кесер, бидејќи ја менува структурата на компанијата. Кесер го започна спроведувањето на планот „Vision 2020“ во 2014-та година, според кој „Сиеменс“ се фокусира на основните индустриски операции.

Во последното тримесечје, „Healthineers“ беше најголемиот од деветте приходи на „Сименс“ (2,7 милијарди евра). Маржата од 19% ја направи најпрофитабилна. Аналитичарите проценуваат дека тоа е околу 40 милијарди долари.

Единицата е позната со продажбата на медицинска опрема за болниците, но високите маржи се должат на понудата на услуги кои комбинираат хардвер и софтвер, вклучувајќи ги консултациите.

„Сименс“ веќе ја спои својата единица за обновлива енергија со шпанскиот производител на ветерни турбини „Gamesa“.

Според тројца извори запознаени со плановите на компанијата, кога таа размислувала каде да да ги пушти акциите на „Healthineers“, Лондон е отпаднал како предлог поради одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија. „Сименс“ одбива да коментира дали Лондон некогаш се дискутирал како опција.

Според зборовите на Мајкл Сен, член на одборот, одговорен за „Healthineers“, берзата во Франкфурт е привлечна за инвеститорите од целиот свет.

Извори запознаени со одлуката, посочуваат дека Франкфурт бил префериран пред Њујорк, бидејќи е привлечен за азиските инвеститори, како и затоа што групата сака да ги остави германските синдикати задоволни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП