24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 знаци кои покажуваат дека вашиот шеф е добар

5 знаци кои покажуваат дека вашиот шеф е добар

Не се сите шефови лоши – добриот шеф лесно ќе го препознаете со помош на овие неколку јасни знаци…

Голем лидер

Еден од најважните знаци кои укажуваат на добриот шеф е фактот дека тие имаат јасна визија што и како треба да работите, во која насока компанијата ќе се движи, што се очекува од вработени и слично.

Тој е достапен за секого

Сигурни сме дека знаете како е тешко да се справите со мрзоволен и темпераментен шеф. Ако вашиот шеф е пријателски расположен и достапен за вас, би требало многу да го цените. Тоа не значи дека од него треба да очекувате некои глупави отстапки или да очекувате да ја обавува работата наместо вас, но значи дека кога ќе настапат проблеми, можете од него да очекувате корисни совети и помош.

Вешт е во комуникацијата

Добриот шеф би требало да има добри комуникациски вештини и да биде внимателен слушател. Тој треба да знае точно да каже што да направите и кога, а не да игра игри и да очекува од вас да му ги прочитате мислите. Исто така, тој е многу добар во решавањето на проблемите и никогаш не ги остава нерешени.

Ги признава своите грешки

Лошите шефови имаат тенденција да ја префрлаат вината за науспехот на своите вработени. Добриот шеф смета дека е одговорен за своите постапки, така и за постапките на своите вработени, па како што ја презема одговорноста за своите успеси, така ја презема одговорноста и за неуспесите.

Не се плаши од конкуренцијата

Добриот шеф го познава секој поединец во својот тим и управува со тимот како со индивидуа. Не се плаши да вработи попаметни од него, ниту го заплашува нивното знаење. Неговите вработени не се плашат да покажат иницијатива и да изнесат нови идеи, бидејќи знаат дека ќе добијат искрена и конструктивна повратна информација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП