26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ го одобри буџетот на блокот за 2018-та

Советот на ЕУ го одобри буџетот на блокот за 2018-та

Советот на Европската унија (ЕУ) го одобри денеска буџетот на блокот за 2018-та година, објави прес-службата на Советот.

Главни приоритети во финансискиот план се борбата со миграцискиот бран и безбедноста, промовирањето на иновациите и поддршка за економскиот раст и вработеноста во ЕУ.

Во 2018-та година ЕУ презема обврски од 160,1 милијарди евра, што е за 0,2% повеќе во однос на 2016-та година дури 1,6 милијарди евра се за непредвидени трошоци согласно повеќегодишната финансиска рамка за 2014-2020-та година.

Вкупно плаќањата за следната година се за 144,7 милијарди евра, што е за 14,1% повеќе во однос на оваа година. Растот е значителен поради очекуваното забрзување на апсорпцијата на средства по оперативните програми од следната година.

Во буџетот на ЕУ за 2018-та година се предвидуваат 11,2 милијарди евра за истражувања и иновации за програмата „Хоризонт 2020“, што е за 8,4% повеќе на годишна основа.

Механизмот за поврзување на Европа ќе добие 2,7 милијарди евра, што е со 7,9% повеќе во однос на финансирањето за оваа година.

Дополнителни средства се предвидени и за програмата „COSME“ која ги поддржува малите и средните претпријатија (354 милиони евра, што е за 1,4% повеќе на годишно ниво).

Поддршката за младите како клучен приоритет се изразува во доделувањето на 2,3 милијарди евра (со 12,1% повеќе на годишна основа) за програмата „Еразмус +“. Иницијативата за млади добива 350 милиони евра, со кои ќе се поддржат младите луѓе за подобрување на нивните квалификации и наоѓање на работа.

Агенциите кои се занимаваат со миграцискиот бран и безбедноста, ќе добијат 940 милиони евра, со речиси 9% повеќе во споредба со оваа година. Дополнителните средства ќе одат главно за „Europol“, „Eurojust“ и службата за азил.

Повеќе пари се одвојуваат и за активности во областа на животната средина и климатските промени согласно програмата „LIFE“ – 523 милиони евра, што е за речиси 6 отсто повеќе на годишно ниво.

Од Советот забележуваат дека поради ситуацијата во Турција претпристапната помош за Турција се намалува со 105 милиони евра. Дополнителни 70 милиони евра ќе бидат задржани, додека земјата не покаже дека презема мерки за суштинско подобрување во сферите на демократијата, владеењето на правото, човековите права и слободата на медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП