8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска ќе имавте 250 милиони долари доколку во 2010-та вложевте 100 долари...

Денеска ќе имавте 250 милиони долари доколку во 2010-та вложевте 100 долари во биткоинот

Во април 2010 година цената на еден биткоин изнесувала 0,003 американски долари, а денес таа е над 7.000 долари. Ако сте инвестирале 100 долари во биткоини пред седум години, денес би имале над 250 милиони долари.

Само што Волстрит почна да му обрнува повеќе внимание на биткоинот, се појавија нови ривали во светот на крипто-валутите, кои се закануваат дека ќе го совладаат поранешниот лидер. Еден од нив е етериумот, кој денес опфаќа 32% од вкупната вредност на сите крипто-валути (биткоинот опфаќа 38%), како и лајткоин, чија вкупна вредност првпат ја надмина бројката од 1 милијарда долари.

Во меѓувреме, многу држави го прогласија биткоинот за легитимно средство за плаќање, што имаше големо влијание врз неговата цена. Во Јапонија од неодамна многу трговски синџири овозможија шопинг со биткоини, што, пак, влијаеше цената на оваа крипто-валута во текот на претходниот месец да порасне за речиси 80 отсто, а Јапонија да стане најголем пазар за биткоини во светот. Инвеститорите очекуваат дека наскоро и многу други земји ќе ја легализираат употребата на крипто-валутите.

Една од причините зошто цената на биткоинот се зголеми е тоа што тој не е под влијание на владите. Биткоин е следен преку јавен онлајн-запис познат како „блок-чејн“. Бројот на биткоини е ограничен, а до нив се доаѓа преку процес наречен „копање“, а всушност претставува решавање комплексни математички проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП