3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ќе ја продлабочува соработката со Европската инвестициска банка

Македонија ќе ја продлабочува соработката со Европската инвестициска банка

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Матео Ривелини, шеф на одделот за проекти на Европската инвестициска банка во Словенија, Хрватска и Западен Балкан и Дубравка Негре, шеф на регионалната канцеларија за Западен Балкан на ЕИБ.

Од секторот за односи со јавност на Владата соопштија дека на средбата биле поздравени храбрите развојни политики на премиерот Зоран Заев и на Владата што водат кон економска стабилизација на државата и напредок.

„Во таа насока, разговарано е за продлабочување на соработката со Европската инвестициска банка, освен во инфраструктурата и во подиректно зајакнување на капацитетите на малите и средни претпријатија во Македонија, како и во делот на заштитата на животната средина, пречистителни станици за вода и станици за третман на отпад“, се вели во соопштението.

Заев рекол дека Владата е силно фокусирана да обезбеди здрава и чиста животна средина за граѓаните на Македонија.

„На државата ѝ се потребни капитални инвестиции што можат значително да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Исто така, определени сме да ги развиваме домашните мали и средни претпријатија и кон поддршка на домашните и странските инвестиции. Соработката со ЕИБ е од големо значење во реализацијата на овие програмски определби на Владата и затоа во име на граѓаните на Македонија и на Владата изразувам голема благодарност за долгогодишната помош и поддршка што ја дава ЕИБ на нашата држава и за можноста да ја интензивираме за доброто на граѓаните на Република Македонија“, рекол премиерот Заев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП