21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБолницата во Кавадарци доби нова опрема

Болницата во Кавадарци доби нова опрема

Општата болница во Кавадарци доби нов медицински апарат колоноскоп, со што Дрекслмајер го комплетира проектот за донирање на современа опрема за преглед на внатрешно дигестивниот тракт.

Со новата опрема болницата во Кавадарци е единствена во поширокиот регион каде се вршат прегледи од овој тип, а за кои претходно пациентите беа препраќани на Клиничкиот центар во Скопје.

„До минатата година, прегледите на внатрешен дигестивен тракт беа само планови, но денес веќе имаме нивна успешна реализација. Благодарение на оваа компанија располагаме со исклучително важна апаратурата за рано дијагностицирање и превенирање на заболувања на дигестивниот тракт“, рече д-р Диме Коцев директор на Општата болница Кавадарци.

„Преземаме одговорност како партнер на регионот и драго ми е што преку оваа поддршка ја постигнавме нашата цел. Во болницата е предвидена посебна просторија за вршење на специјалистички прегледи и особено се радувам што имавме можност да го опремиме овој простор со два најсовремени медицински апарати. Се надевам дека со новата опрема барем малку го олеснивме секојдневието на многу пациенти од околината кои претходно мораа да закажуваат прегледи на клиниката во Скопје“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП