21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„На Европа и е потребен заеднички министер за финансии“

„На Европа и е потребен заеднички министер за финансии“

На Европа и е потребен заеднички министер за финансии и буџет на еврозоната за повеќе инвестиции.

Ова го изјави лидерот на германската Социјалдемократска партија (SPD) Мартин Шулц, за кого се очекува дека ќе ги започне преговорите со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел за формирање на коалициона влада.

„Доколку сакаме Европа долгорочно да остане силна, тогаш мораме да ја оспособиме да делува, а на луѓето да им обезбедиме да забележат видлива разлика во своите животи“, изјави Шулц на деловната конференција, пренесува Ројтерс.

За да ја постигне таа цел, на Европа и е потребен буџет на еврозоната за повеќе инвестиции и заеднички европски министер за финансии, истакна Шулц говорејќи за реформските предлози на францускиот претседател Емануел Макрон.

Во настојување да обезбеди формирање на стабилната влада, германскиот претседател Франк-Влтер Штајнмаер денес ќе биде домаќин на заедничкиот состанок на канцеларката Меркел, нејзиниот баварски конзервативен сојузник Хорст Зехофер и Шулц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП